06 November 2012

Бајадера Роденден-ка





 
Апарати:
Процесор
Блендер

Основа:
1 чаша ореви
3-4 урми (или 2-3 лажици јаворов сируп)
1/2 чаша какао во прав
прстофат сол

Во процесор ( со Ѕ сечиво) се формира тестото, се реди во тавче/модла. 

Ставете го во фрижидер додека го подготвувате следниот слој.

Чоколаден фил:
2 чаши индиски ореви (откиснати 4-5 часа)
1/2 чаша кокосово масло, растопено
1/2 чаша јаворов сируп (или агаве)
1/2 чаша вода
2 лажички ванила (или цимет, по желба)
1/2 чаша какао
2 лажички мескит


Прво се блендираат индиските ореви со јаворовиот сируп, ванила и вода за да стане кремасто, следно се додава какао и кокосовото масло, повторно се блендира додека не стане мазно, кремасто. Се мачка врз основата. За побрзо да се стегне, во замрзнувач 1-1,30 час, потоа може да се чува во фрижидер. Не трае долго! :)))
Се декорира по желба одозгора, растопено какао, кршени бадеми, лешници...