Добредојдовте

во тетратката на Raw food Mk!
Од пред неколку месеци ја активирав страница на ФБ посветена на жива храна, која ја нареков Raw Food Mk, сè започна од идејата да не ги гњавам своите пријатели кои можеби и не се заинтересирани за оваа тема, направив посебно катче каде ќе можам да постирам рецепти, фотки и информации за тоа што мене ме интересира. Полека и доста неочекувано почна да се полни со луѓе заинтересирани за нешто ново и свежо. 
Огромно и пријатно изненадување беа и неколкуте девојки кои се сложија да се придружат на страницата и срдечно да ја споделуваат својата креативност.
Идејата е и овој блог, кој кај и да е ќе се приклучи на истата страница да содржи нешто повеќе детали за и околу живата храна. Ќе се обидам да ви го доловам и понудам тоа што јас сама сум го открила и понатаму го осознавам.
Ќе се трупаат тука информации за продукти, начини на подготвување жива храна, комбинации на храна, рецепти, а има и опција да коментирате и поставувате прашања.




No comments: