22 July 2013

Летни хитови

За разладување во жешки летни денови, а и ноќи! ;)


Апарат
Блендер

Ледена диња
1 Диња
неколку стапчиња нане
мраз (по желба)
Извадете ги семките од дињата со лажичка, исечете ја на парчиња и заедно со ливчињата нане (без стебленцата) изблендирајте ја во блендер. Voilà! Освежителен полу-густ сок што разладува, освежува, а и ќе ве држи сити извесно време!



Сок од лубеница
2 резанки лубеница (по можност исчистени од семки)
сок од 1 лимон или лимета
неколку гранчиња нане или босилек (само ливчињата се користат)

Лубеницата се сече на помали парчиња, ако нема премногу семки, т.е. ако не сте доволно мрзливи исчистете ги семките и изблендирајте сè заедно. Ако сепак не сте ги отстраниле сите семки препорачувам сокот да го прецедите или низ ситна цедалка или уште подобро низ вреќичка за цедење, и парче газа може да послужи.


Овежително сезонско смуди:)
Смуди Праска
4 праски 
сок од 2 портокали
1 1/2 замрзната банана
една рака замрзнат спанаќ или неколку листови свежа блитва
4-5 гранчиња нане
може да се додаде малку вода или коцки мраз!
А, да и децата се сладеа ;)




19 July 2013

Ледени бонбони малина

Ледениве бонбони - залчиња беа мал експеримент додека ја правев Сладолед Малина торта само одвоив малку од кремот и наполнив неколку модли, ги ставив во замрзнувач и ги уживавме како десерт :)





За поголема количина би било потребно околу
3/4 чаша (откиснати) индиски ореви
3/4 чаша малини (или овошје по желба)
1/4 чаша кокосово масло
1/4 чаша агаве (мед, јаворов сируп или друг засладувач)
1-2 лажици лимонов сок 

Сосотојките во блендер, да се добие мазна смеса и потоа во калапчиња, се замрзнува околу 45 мин и се ужива! ;)


Сладолед Малина торта

Без причина, но со повод! :) 
Страницата на RawFoodMk каде неколку вредни девојки споделуваат рецепти и позитивни вибрации креирани од своите скромни кујни собра цели 3000 лајкови, мене ми е посимпатично да ги наречам симпатии, и за мене беше убава инспирација за частење. Рецептот е базиран на многу други рецепти кои можат да се најдат на интернет и одамна посакував да ја направам. 
Ви ја претставувам сладоледната Торта Малина!


Апарати
Процесор
Блендер

Основа:
1 1/2 чаша лешници
3/4 чаша урми
прстофат хималајска сол

Крем
2 чаши индиски ореви (откиснати 4-5 часа)
2 чаши малини (доколку користите замрзнати, оставете да се одмрзнат)
сок од 2 лимони
1/3 кокосово масло
1/3 чаша агаве
1 лажичка ванила екстракт или семки од едно ванила стапче

Во процесор се мелат лешниците и полека се додаваат урмите додека не стане малку лепливо тесто, ако треба капнете малку вода, ама многу внимателно, треба да биде зрнесто, но кога ќе го фатите со рака да лепи. Се реди во тавче, јас користев од 20цм дијаметар.

Состојките за филот ставете ги во блендер, БЕЗ малините! се мати да стане кремаста смеса. Доколку немате високобрзински блендер како Vitamix откиснете ги оревите подолго време и можеби ќе треба да додадете малку вода. Отприлика 1/2 или помалку од кремот се мачка врз основата. Ако сакате да бидат боите одвоени ставете го тавчето во замрзнувач 15-тина минути. 
Во останатиот дел од кремот, се додаваат малините и повторно се блендира. Намачкајте го и розевиот малина слој, и ставете ја тортата во замрзнувач! 
Извадете ја отприлика 30-тина минути пред сервирање. Може веднаш да се јаде како сладоледна торта, а ако имате малку трпение ќе уживате во божествена кремаста торта! 





13 July 2013

Фалафел/Бургери

Лесна и брза верзија на жив фалафел, во споредба со киснење и 'ртење наут, кое одзема и до 3 дена. Одлични се со богата шарена салата!


Апарат
Процесор 

Рецепт

2 чаши рендани моркови (отприлика 5-6)
1 чаша сончогледови семки (откиснати 4-5 часа)
1/4 чаша мелено ленено семе
1 чаша ситно сецкан магдонос
1 лукче
3 лажици сецкан кромид (од еден голем отприлика 1/4)
хималајска сол
1/2 лажичка кари или 
зачини по желба (италијански мешавини добро се вклопуваат)
1/2 чаша сусам
ким

Во процесор се мелат прво морковите да стане како паста, потоа се додава лук, 
сончогледот и лененото семе, повторно се процесира и на крај се додава кромид и магдонос. Тоа добро се блендира и на крај во посебна чинија се меша сé, се додава сусамот, најлесно е со рака, се формираат топчиња или како бургери и се сушат во дехидратор неколку часа, во зависност колку крцкава кора сакате да. Може и веднаш да се јадат!

На здравје:)

12 July 2013

Тортички од морков

Мали вкусни залчиња, многу лесни за правење, верувам дека и најголемите скептици за жива храна би ги смачкале без да им падне на памет дека се направени од моркови.

Апарати
Процесор
Блендер

Рецепт
1 1/2 чаша рендан морков (3-4 моркови средна големина)
1/2 чаша бадемово брашно
1/3 чаша кокосово брашно
1/3 чаша исецкани ореви
1/4 чаша суво грозје
1 лажичка лимонов сок
1 лажичка цимет во прав
1/2 лажичка морско оревче
1 лажичка ванила

Крем од индиски ореви
1 чаша откиснати индиски ореви
1/3 чаша лимонов сок
2 1/2 лажички кокосово масло
2 лажички мед (или јаворов сируп, стевија...засладувач по желба и вкус)

Морковите се рендаат во процесор, (јас користам Magimix), потоа се додаваат сите останати суви состојки и се процесира да се добие смеса помалку леплива налик на тесто. Се реди во калапчиња и се остава во фрижидер.

Шлаг од индиски ореви со лимон
Состојките за шлагот се блендираат додека да се добие мазна кремаста структура. По желба се украсуваат тортичките. 

* за веганска варијанта заменете го медот со друг засладувач



9 билки и зачини како додаток во смуди

1. Магдонос - само се мие нежно, може да се користи целосно, и стебленцата и листовите, одличен прочистувач.


2. Коријандер - исто така се користат и стебленца и листови, нежно се мие.


3. Копар - претходно измиен, може да се користи целосно.



4. Нане или мента - нането има поцврсти дрвенести стебленца, најдобро е да се измие и внимателно да се одвојат ливчињата. Стебленцата не се користат.


5. Босилек - исто како нането има цврсти стебленца, се користат само листовите.


6. Ѓумбир - личен фаворит! Може да се користи и лупен или не, во зависност колку е јак блендерот, се лупи многу лесно со нож, лушпата е многу тенка, може и рендан 
да се додаде.


7. Куркума (Турмерик) - исто како Ѓумбирот, може, а и не мора да се лупи.


8. Лук, кромид, млад кромид - многу моќни кога се користат блендирани, да се има во предвид дека додаваат исклучително јак вкус во некои рецепти и доминираат, препорачливи се за солените верзии, но можат да упропастат слатки комбинации.


9. Мелени зачини - како на пример цимет, морско оревче, кардамом, ванила, анасон  - можат да бидат интересен додаток, и на вкус и мирис. За почеток се става многу мала количина, околу 1/4 лажичка ако не ви се познати вкусовите, потоа може и повеќе.