22 July 2013

Летни хитови

За разладување во жешки летни денови, а и ноќи! ;)


Апарат
Блендер

Ледена диња
1 Диња
неколку стапчиња нане
мраз (по желба)
Извадете ги семките од дињата со лажичка, исечете ја на парчиња и заедно со ливчињата нане (без стебленцата) изблендирајте ја во блендер. Voilà! Освежителен полу-густ сок што разладува, освежува, а и ќе ве држи сити извесно време!



Сок од лубеница
2 резанки лубеница (по можност исчистени од семки)
сок од 1 лимон или лимета
неколку гранчиња нане или босилек (само ливчињата се користат)

Лубеницата се сече на помали парчиња, ако нема премногу семки, т.е. ако не сте доволно мрзливи исчистете ги семките и изблендирајте сè заедно. Ако сепак не сте ги отстраниле сите семки препорачувам сокот да го прецедите или низ ситна цедалка или уште подобро низ вреќичка за цедење, и парче газа може да послужи.


Овежително сезонско смуди:)
Смуди Праска
4 праски 
сок од 2 портокали
1 1/2 замрзната банана
една рака замрзнат спанаќ или неколку листови свежа блитва
4-5 гранчиња нане
може да се додаде малку вода или коцки мраз!
А, да и децата се сладеа ;)




No comments: