12 July 2013

9 билки и зачини како додаток во смуди

1. Магдонос - само се мие нежно, може да се користи целосно, и стебленцата и листовите, одличен прочистувач.


2. Коријандер - исто така се користат и стебленца и листови, нежно се мие.


3. Копар - претходно измиен, може да се користи целосно.



4. Нане или мента - нането има поцврсти дрвенести стебленца, најдобро е да се измие и внимателно да се одвојат ливчињата. Стебленцата не се користат.


5. Босилек - исто како нането има цврсти стебленца, се користат само листовите.


6. Ѓумбир - личен фаворит! Може да се користи и лупен или не, во зависност колку е јак блендерот, се лупи многу лесно со нож, лушпата е многу тенка, може и рендан 
да се додаде.


7. Куркума (Турмерик) - исто како Ѓумбирот, може, а и не мора да се лупи.


8. Лук, кромид, млад кромид - многу моќни кога се користат блендирани, да се има во предвид дека додаваат исклучително јак вкус во некои рецепти и доминираат, препорачливи се за солените верзии, но можат да упропастат слатки комбинации.


9. Мелени зачини - како на пример цимет, морско оревче, кардамом, ванила, анасон  - можат да бидат интересен додаток, и на вкус и мирис. За почеток се става многу мала количина, околу 1/4 лажичка ако не ви се познати вкусовите, потоа може и повеќе.


No comments: