13 December 2012

Растително млеко

Одлична и многу здрава варијанта на млеко, далеку поздрава од она индустриско млеко кое чмае по рафтови со години и нема никаква хранлива вредност за телото, сега веќе и докажано дека го јаде калциумот од коските.


Пробајте и сами, превкусно е, навистина, а можностите бескрајни :)
Може да се прави од бадеми, индиски ореви, лешници, ореви, семки од тиква, сусам...
 Бадемите се откиснуваат во вода 8-12 часа, најпрактично преку ноќ, водата во која киснат бадемите не е за пиење, но домашните цвеќиња ќе ви бидат многу благодарни


 се лупат, ако имате трпение, а и не мора :)
 се додава засладувач како урми, или јаворов сируп, мед, малку цимет,
ванила за шмек...


се блендира, се прецедува а и не мора...и се ужива!


Млеко од бадеми
  • 1 чаша бадеми се откиснува во многу вода (8-12 часа, барем двојно повеќе вода, најпрактично е да ги покиснете преку ноќ)
  • бадемите се лупат ( а и не мора, доколку се лупат потешко потопете ги во топла вода неколку минути, не врела!)
  • се ставаат во блендер со малку вода, отприлика 1 чаша, полека се блендира и се додава вода до 1 литар
  • се додава засладувач (можете да користите урми, јаворов сируп, малтекс, мед, агаве)
  • ванила, цимет за шмек ;)
  • по желба се цеди низ газа и се добива превкусно млеко.
  • Пулпата што останува од млекото може да се искористи за други рецепти, не ја фрлајте!




Јаткастите млека се одлична база за пудинзи или овошни варијанти, може да се додаде овошје по желба како на пример:



Млеко од бадеми, боровинки, малку банана и мака


Бадемово млеко, боровинки, мака и пчелин полен

Млеко од индиски ореви, банана, мака и цимет

Ова е многу добра замена за кафе.
Циметот освен што мириса божествено е многу лековит.
  • силни антибактериски својства
  • го регулира шеќерот во крвта
  • богат со хранливи влакна, магнезиум, железо, цинк, манган и калиум
  • редовна конзумација го намалува холестеролот
  • регулира хормони и помага при ПМС
  • богат со антиоксиданси
Мака е вид корен, сличен на рен и доаѓа од Перу, адаптоген, го регулира, поддржува и балансира хормоналниот систем и кај мажи и жени. Поради тоа регулира проблеми со акни, ја подобрува плодноста, дигестијата, дава многу енергија и влијае на сексуалноста. Затоа ја сметаат и за афродизијак.
  • подобрува расположение
  • зголемува енергија
  • зголемува либидо и плодност
  • подобар сон
  • го намалува стресот
  • ја подобрува меморијата
  • подмладува
  • ја чисти и зајакнува кожата
  • помага против акни
  • зголемува издржливост
  • помага против секакви болки
  • ги редуцира симптомите од ПМС и менопауза
  • ја зајакнува косата и го намалува опаѓањето

2 comments:

Bojana said...

Ќе може да ми кажеш за кои други рецепти што се на блогов ја користиш пулпата од бадемите? Сакам сите да ги пробам :)

Unknown said...

Бојана сум го користела за крекери, ама не сум ги сликала и документирала, па затоа не се нашле на блогот. Најчесто пулпата ја сушам во дехидратор и ја чувам како брашно, многупати је користам како пилинг за тело и лице :)