16 December 2012

ТоблеRAWне

Ако сте љубител на слатки работи,  еве јас кревам рака, дефинитивно!
можеби тука ќе најдете нешто што ќе ви се насмевне, секогаш трагам по рецепти лесни за правење, да не одзема премногу време....за да има повеќе време за уживање :)




TobleRAWne

Апарати
Процесор
Блендер

Основа:*(оваа смеса може слободно и со жица за матење да се спреми, 
или во процесор на мала брзина)


1/2 чаша мелени бадеми
1/2 чаша мелени ореви
1-2 лажици кокосово масло (растопено)
1/4 чаша јаворов сируп
1 лажица мака (ако имате, не мора)
1 лажица мескит (ако имате, не мора)
цимет
хималајска сол 

се меле, меша и се мачка во тавче

Крем:
*(во процесор или со жица, се мати рачно)

1 чаша какао
1-2 лажици кокосово масло (растопено)
1/4 чаша јаворов сируп

цимет,
хималајска сол
(ако е многу густо може сосема малку вода да се додаде)
во ова се додава по 1/3 чаша од секое - кршени бадеми,
ореви и индиски. Сето тоа се меша и се мачка врз основата.

Шлаг:

*(се припрема во блендер)
1 чаша индиски ореви
1-2 лажици кокосово масло (растопено)
1/4 чаша јаворов сируп
цимет, ванила (по желба)
хималајска сол 
се блендира да стане како шлаг и се мачка на тортата.
30-тина минути во замрзнувач и спремно за уживање.

мала варијација на истатa тема, само што шлагот го оставив бел, без рогач или какао.
Фер е да ве предупредам, секое спремање на еден ист рецепт, излегува поинаку, барем кај мене :) скоро секогаш или нешто ми фали, или нешто ќе додадам и никогаш нема утка. Убавината на живата храна!



2 comments:

Bojana said...

Го пробав денес рецептов ама шлагот не ми испадна воопшто како сликата :))) Повеќе личи на прелив од карамела отколку шлаг. Можеби не ставив доволно индиски ореви или не блендирав долго ...
Како и да е, превкусно испадна ;)

Unknown said...

Драго ми е дека било вкусно, ама Бојана навистина не знам што ли си згрешила, колку индиски ореви употреби? Мене ми излегува како шлаг крем, да не стави многу вода?