Смуди

Зелени листови!
се единствените живи растенија на нашава планета кои ја трансформираат сончевата светлина и енергија во храна која сите живи суштества можат да ја конзумираат. Сончева храна! Хлорофилот е чудотворната супстанца која е всушност сончева енергија, токму затоа е значајна за опстанокот на сите видови живот, вклучувајќи го и човекот. Во зелените листови се содржани сите есенцијални минерали, витамини и есенцијални амино-киселини кои ни се потребни за оптимално здравје. Хлорофилот има многу потентно влијание врз здравјето, го алкализира телото и со тоа помага и при лечење на болести кои настануваат од закиселеност на организмот, регулирање тежина ( да, да се топат килца и целулит), се прочистува крвта, кожата, косата!
Токму затоа и во мојата кујна зелените густи сокови се најзастапени, правени во блендер, формулата е многу едноставна: малку креативност, малку налудничавост, многу хлорофил, супер енергија, среќа во чаша, насмевка на лице :)

Супер едноставна формула: зелени листови, овошје и вода и сето тоа во блендер!
Зелените листови се разликуваат од зеленчукот по тоа што НЕ содржат скроб - во зелено лиснати спаѓаат сите кои можат да се завиткаат околу прст, со исклучок на целерот, не се витка околу прст, ама спаѓа во таа категорија. Значи спанаќ, блитва, зеље, целер, босилек, магдонос, коријандер, нане, рукола, зелени салатки (а ги има многу видови), листови од глуварче, коприва....еден мал куп растенија кои растат насекаде, а не ги забележуваме и/или не ги ни знаеме. Ах, таа Мајка Природа!
Сите останати корења се скробни. Мислам на морков, рен, келераба, брокула, цвекло, карфиол, зелка, репка, дајкон....Тие спаѓаат во зеленчуци!
Не се препорачливи за во смуди, барем не за утринското смуди токму поради скробот кој го отежнува варењето, а со тоа ќе го успори утринскиот биоритам на телото.

Нашето тело си има свој биоритам и доколку го почитувате 
многу ќе профитирате! :)

еве да ви објаснам:
од 04 часот наутро до пладне - време на чистење, елиминација
од 12 часот на пладне до 20 часот - време на внесување храна (кога најмногу конзумираме и најмногу трошиме)
од 20 часот до 04 - асимилација (телото абсорбира и користи)

Споменав дека е многу едноставна формула, ама има и  неколку финти ;)
најуспешната формула е едноставно смуди без многу мешање и комбинирање. 


Сé додека се придржувате на правилните комбинации, е многу едноставно, подоцна може и да ги збогатувате со некои додатоци, ама ако сеуште не сте пробале, тргнете со мали ама успешни чекори. 


Зелено смуди = (за почеток) овошје 60%-40% зелени листови+вода!
откако ќе испробате неколку комбинации, ќе знаете поточно кои вкусови ве привлекуваат, како се чувствувате, можеби некоја комбинација ќе ви одговара повеќе во летна варијанта, некоја послатка, кисело, луто, секоја мешавина е ново задоволство, нов рецепти и искуство.

Дозволете му на телото да се прочисти како би било спремно за новиот ден!




Како да направите совршено смуди?!
Како и секоја успешна приказна и оваа има една мала тајна, се вика растворливи и нерастворливи влакна. Не се плашете многу е едноставно нерастворливи влакна се влакна (фибер) од кои индустриски se произведува облека, зелените листови и овошјата сите природно содржат влакна, затоа со блендирање е наjлесен начин тие да се раскинат за полесно да се конзумираат. За совршено и супер вкусно смуди е најдобро да се комбинираат тие влакна и за да добиете мазна структура добро е да содржи растворливи влакна. Во растворливи спаѓаат: банана, круша, јагоди, сливи,кајсии, праски, манго (совршено е за смуди, содржи и растворливи и нерастворливи влакна), боровинки... Јаболкото на пример содржи повеќе нерастворливи влакна и затоа ако измешате само спанаќ и јаболко, ќе забележите дека нема мазна структура, водата ќе се оддели, ќе се направи многу пена, затоа е добро да се додаде уште некое овошје. Ама без гајле, неколку обиди и сами ќе  откриете:)

Придобивки од зелено смуди
1. Слабеење на природен начин, а сепак внесувате многу хранливи состојки,
особено хранливи влакна.
2. Внесувате многу повеќе зелени листови и овошје.
3. Лесни за варењето и супер хранливи.
4. Чиста кожа бидејќи содржат многу вода, хранливи влакна, витамини и минерали.
5. Ментално чист ум и  фокусираност, подобрена концентрација.
6. Многу енергија од природните јаглехидрати.
7. Богати со лековити антиоксиданси и фитонутриенти.
8. Го намалуваат нагонот и желбата за нездрава нехранлива храна.
9. Одлична алкализација, главен предуслов за одржување на pH вредноста на телото
и избегнување болести.
10. Богати со хлорофил=сончева енергија, есенцијална за поттикнување на имунитетот,
ја прочистува крвта и го подмладува телото и духот.

Неколку “правила“ за пиење смуди

*Пијте полека малку проџвакајте го во уста за да се ослободат ензимите, да го олеснат варењето. Ако пиете големи голтки пребрзо, му ја отежнувате работата на желудникот.
*Не пијте го ни премногу споро, не го тегнете со саати, дајте си време за уживање и во рок од 30-60 мин испијте си колку ви одговара, дајте му на телото време да абсорбира што му треба.
*Избегнувајте многу студени напитоци, го шокираат дигестивниот систем и го успоруваат варењето на храната, а со тоа и хранењето на телото. Доколку додавате мраз, оставете го блендерот малку подолго да работи за да ја изедначи температурата со телесната температура.
*Едноставни рецепти придржувајте се до правилото 5 состојки или помалку, повторно...олеснување за дигестивниот тракт.
*Варијација со зелените листови - некои од зелено-лиснатите растенија природно си содржат алкалоиди  како оксалната киселина кои ако се конзумираат во големи количини секојдневно го оптеретуваат црниот дроб и може да се појават благи знаци на труење.
Затоа менувајте ги секој ден! :)


No comments: