Техники

Подготвување, начини

-Цедење, сокови

 потребен е соковник или цедалка за цитрусни овошја, ако љубите цедени цитрусни сокови, топло препорачувам електрична машинка, ептен помага и го убрзува процесот. Соковите се феноменални за брзо хранење на телото, а истовремено брзо го прочистуваат. Ако имате било каков соковник при рака - користете го!

-Блендирање

блендер, што појак тоа подобро, полесно ќе ја раскинува целулозата од зелените листови. Разликата меѓу блендирани густи сокови, (смуди) и цедените сокови е тоа што смуди ги содржи сите хранливи состојки како сокот плус и хранливите влакна, овие сокови подолго време држат ситост, повеќе полнат и се супер хранливи.

-Процесирање
сецко, мултипрактик, најчесто имаат и вграден блендер, многу практична направа. Можеби и најважната во живата кујна. 

-Сушење/ дехидрирање 

потребен е дехидратор, иако не е есенцијално значење сепак е многу практичен. Како замена може да си ја користите и рерната на најниска температура, со подотворена врата, да може водата да испари. Доколку имате опција за топол воздух- користете ја! Времето варира од тоа што сушите и колку вода содржи. Ако сепак користите рерна првите саат - два може слободно да ја вклучите на 60 степени со затворена врата, штосот е во тоа што на тој начин ќе избегнете бактерии кои може да се создадат во храната, а башка треба извесно време додека и храната ја достигне вистинската температура од 40-тина степени. Истата финта се користи и со дехидраторот.
Доколку имате дехидратор на располагање уште подобро, ќе заштедите на сметката за струја и има предност што е температурата постојана. 


-Киснење

житарки, јатки и семки се киснат за да 'ртат. Јатки како бадеми, ореви, индиски ореви, бразилски, макадамија се киснат во вода за да им се ослободат ензимските инхибитори и да бидат полесни за варење, на тој начин се ослободуваат и од маснотии.

-’Ртење

 или ожививање житарки, семки, многу едноставен процес. Само времетраењето се разликува. Генералната постапка е следнава: јатките, семките, што ли сте одбрале да ’ртите се откиснува во вода извесно време, се цедат и се става на пр. во тегла под агол од 45 степени (за да може да се исцеди одвишок вода, за да не гнијат). На отворот од теглата ставам парче газа. Повеќето ’ртат за 1-2 дена, подолго време треба за гравчињата. Јас најчесто ’ртам хељда, киснам бадеми, индиски ореви, лешници за правење млеко или сирење












1 comment:

Bojana said...

Одличен блог, ќе ми треба време да ги прочитам и направам сите рецепти ама ќе ги пробам :)