22 October 2013

Ферментирана павлака


Пред некој ден конечно го гледав култниот филм Forks over Knives, го препорачувам од сè срце, особено ако се грижите за својата исхрана, и ако сè уште јадете млечни и животински продукти, обавезно треба да го погледнете. Меѓу сите информации се зборува и за штетноста на касеинот, која се содржи во млечните продукти.
За сите оние кои се откажуваат или можеби решиле да ги редуцираат процесираните млечни продукти, да ве утешам има замена, и тоа многу вкусна! 

Оваа верзија е ферментирана 24 часа со пробиотик
2 чаши индиски ореви (откиснати 2-3 часа)
сок од 1/2 лимон
1/2 лажичка сол
1 мала лажичка пробиотик
се додава само малку вода за полесно да се изблендира. Откога ќе се изблендира се става во газа, газата во цедалка, а најдобро цедалката да биде во сад кој не допира на дното од садот. Внимателно се завиткува сирењето и се става нешто тешко одозгора за нежно да притиска и полека да се отцеди вишокот вода. Се остава на собна температура, на темно да ферментира 24-48 часа.
Накнадно може да се додадат зачини по желба! 

07 October 2013

Оваа година премиерно ќе го поддржиме Вегефест во Скопје, дојдете да се дружиме, ќе биде весело и вкусно! Raw food Mk здружува сили со Сурово&вкусно и Ајде да јадеме за да ви подготвиме нешто интересно, Ве очекуваме!


22 July 2013

Летни хитови

За разладување во жешки летни денови, а и ноќи! ;)


Апарат
Блендер

Ледена диња
1 Диња
неколку стапчиња нане
мраз (по желба)
Извадете ги семките од дињата со лажичка, исечете ја на парчиња и заедно со ливчињата нане (без стебленцата) изблендирајте ја во блендер. Voilà! Освежителен полу-густ сок што разладува, освежува, а и ќе ве држи сити извесно време!



Сок од лубеница
2 резанки лубеница (по можност исчистени од семки)
сок од 1 лимон или лимета
неколку гранчиња нане или босилек (само ливчињата се користат)

Лубеницата се сече на помали парчиња, ако нема премногу семки, т.е. ако не сте доволно мрзливи исчистете ги семките и изблендирајте сè заедно. Ако сепак не сте ги отстраниле сите семки препорачувам сокот да го прецедите или низ ситна цедалка или уште подобро низ вреќичка за цедење, и парче газа може да послужи.


Овежително сезонско смуди:)
Смуди Праска
4 праски 
сок од 2 портокали
1 1/2 замрзната банана
една рака замрзнат спанаќ или неколку листови свежа блитва
4-5 гранчиња нане
може да се додаде малку вода или коцки мраз!
А, да и децата се сладеа ;)




19 July 2013

Ледени бонбони малина

Ледениве бонбони - залчиња беа мал експеримент додека ја правев Сладолед Малина торта само одвоив малку од кремот и наполнив неколку модли, ги ставив во замрзнувач и ги уживавме како десерт :)





За поголема количина би било потребно околу
3/4 чаша (откиснати) индиски ореви
3/4 чаша малини (или овошје по желба)
1/4 чаша кокосово масло
1/4 чаша агаве (мед, јаворов сируп или друг засладувач)
1-2 лажици лимонов сок 

Сосотојките во блендер, да се добие мазна смеса и потоа во калапчиња, се замрзнува околу 45 мин и се ужива! ;)


Сладолед Малина торта

Без причина, но со повод! :) 
Страницата на RawFoodMk каде неколку вредни девојки споделуваат рецепти и позитивни вибрации креирани од своите скромни кујни собра цели 3000 лајкови, мене ми е посимпатично да ги наречам симпатии, и за мене беше убава инспирација за частење. Рецептот е базиран на многу други рецепти кои можат да се најдат на интернет и одамна посакував да ја направам. 
Ви ја претставувам сладоледната Торта Малина!


Апарати
Процесор
Блендер

Основа:
1 1/2 чаша лешници
3/4 чаша урми
прстофат хималајска сол

Крем
2 чаши индиски ореви (откиснати 4-5 часа)
2 чаши малини (доколку користите замрзнати, оставете да се одмрзнат)
сок од 2 лимони
1/3 кокосово масло
1/3 чаша агаве
1 лажичка ванила екстракт или семки од едно ванила стапче

Во процесор се мелат лешниците и полека се додаваат урмите додека не стане малку лепливо тесто, ако треба капнете малку вода, ама многу внимателно, треба да биде зрнесто, но кога ќе го фатите со рака да лепи. Се реди во тавче, јас користев од 20цм дијаметар.

Состојките за филот ставете ги во блендер, БЕЗ малините! се мати да стане кремаста смеса. Доколку немате високобрзински блендер како Vitamix откиснете ги оревите подолго време и можеби ќе треба да додадете малку вода. Отприлика 1/2 или помалку од кремот се мачка врз основата. Ако сакате да бидат боите одвоени ставете го тавчето во замрзнувач 15-тина минути. 
Во останатиот дел од кремот, се додаваат малините и повторно се блендира. Намачкајте го и розевиот малина слој, и ставете ја тортата во замрзнувач! 
Извадете ја отприлика 30-тина минути пред сервирање. Може веднаш да се јаде како сладоледна торта, а ако имате малку трпение ќе уживате во божествена кремаста торта!